Секој човек е важен, а во областа на ЕУ интеграции тоа е најважно особено за држава со два милиони жители на хартија. Владата мора да гради поголеми капацитети во институциите, но сами во овој процес нема да бидеме доволни и сами нема да можеме да ги најдеме капацитетите што се неопходни за европскиот пат да биде успешен – ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната тркалезна маса „Креирање на јавните политики во перспектива на европската интеграција“
Според неа Владата ќе биде не само отворена, туку и многу амбициозна во очекувањето, заедно со невладиниот сектор и со академската заедница, со експертите, да го искористи сето знаење што ни е на располагање како држава.







