Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шеќеринска: Наградете ги политичарите кои не сплотуваат, а не оние кои не раскаруваат
Македонија

Шеќеринска: Наградете ги политичарите кои не сплотуваат, а не оние кои не раскаруваат

октомври 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на вечерашната промотивна трибина што се одржа како поддршка на кандидатурата на актуелната градоначалничка на општина Тетово Теута Арифи за уште еден мандат  на истата функција.

Шеќеринска посочи дека Арифи била дел од неколкумина политичари чија одлуката по парламентарните избори минатиот декември ги овозможила промените во државата и кои делеле заеднички концепт за мир, просперитет и шанса младите својот живот и работа да го гледаат во Македонија.

„Не смееме, да се релаксираме по феноменалниот резултат од првиот круг на локалните избори каде победивме и таму каде што очекувавме но и таму каде што не ни сонувавме.

„Тоа беше уште еден показател поранешните изборни циклуси биле предмет на кражба и насилство, а со сегашната победа во дел од најголемите општини во државата само ја потврдија определбата на граѓаните за реформи и правда. И во Тетово предводат оние луѓе со кои имаме заеднички вредности и концепт за Македонија што ги интегрира сите и обезбедува живот за сите.

„Затоа ги повикувам сите оние што веруваат дека Македонија вака може да оди напред да излезат на изборите и да ја изберат својата градоначалничка Теута Арифи односно да ги наградат оние политичари кои не сплотуваат, а не оние кои не закаруваат, рече Шекеринска.

И овие и минатите избори, додаде, покажаа дека ако играш на национализам ќе страдаш од национализам. Со победата на овие локални избори ќе покажеме дека Македонија научила од своите и од грешките на другите балкански народи и дека за вредностите за заедничка Македонија мора да се бориме, наведе Шекеринска.

Кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ Теута Арифи посочи дека вистинската промена се покажала во првиот круг од локалните избори со нејзината победа и разликата од скоро 5.000 гласови во однос на второпласираниот кандидат Биљал Касами од Беса.

„Соработката на локалната со централната власт е клучна за  спроведувањето на реформите, но и еднаквоста на сите како најголема можност за развој на нашата држава. Ние делиме заеднички идеи за нашата држава и нашиот град. Добрите насоки за заедничка интеграција во ЕУ и НАТО  даваат можност промените и реформите да продолжат по својот тек.

„Во изминатите четири години работевме на решавање на комплексни комунални проблеми што долги години биле запоставени како што е новиот зафат во водоснабдувањето што 20 години се оддолжуваше, рече Арифи.

Таа најави дека најважни приоритети за следните четири години ќе бидат изградба на капацитетот за третман на отпадните води за што Тетово заедно со Струмица и Битола  ќе добијат средства од ИПА програмата, отворање на останатите градски булевари и други зафати.

Новоизбраниот советник во општина Тетово Живе Алексоски кој беше носител на листата на канадидати до СДСМ за оваа општина потенцираше дека со нивната подршка на Теута Арифи се надминуваат стереотипите и предсрасудуите.

актуелно Беса битола дуи македонија струмица тетово Теута Арифи шеќеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.