Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шеќеринска од Гостивар: Ќе направиме отворена и услужна општина за сите
Некатегоризирано

Шеќеринска од Гостивар: Ќе направиме отворена и услужна општина за сите

септември 29, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ова не се обични општински избори за совет и градоначалник, бидејќи Македонија повторно решава за својата иднина дали ќе се развива  и ќе има европска иднина или ќе се врати назад како изолирана држава. Затоа секој глас е важен за тоа кој ќе раководи со советот и со општината, но и за да им се каже на истрошените политичари од изминатите 11 години дека Македонија сака заедничка иднина без кавги и поделби, порача заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на вечерашниот митинг во Гостивар.

Таа нагласи дека по големите успеси на Владата во првите три месеци од нејзиното работење сакаат тој начин на работа и враќање на животот да се почувствува и во сите општини низ државата, па и во Гостивар.

„Го сопревме трошењето на стотици  милиони евра на споменици поставени на само стотина метри во Скопје во услови кога голем дел од општините во Македонија имаат нерешени основни услови за живот. Ние имаме план и програма за промена на оваа состојба, рече Шекеринска.

Како прво, нагласи, градиме со план, а не со импровизации или со планови во пет до дванаесет или, пак, планови кои некој политичар ќе ги диктира по телефон.

„Сакаме да го спречиме урбанистичкиот хаос и ќе имаме непомирлива борба со криминалот и корупцијата. Здравјето за граѓаните ни е на прво место и затоа ќе одвоиме дополнителни средства од Владата со кои ќе се овозможи поздрав живот, животна средина воздух и вода во општините.

„Ќе реализираме проекти насочени кон граѓаните со директна поддршка на домашните  мали и средни претпријатија, но и други проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните и за општините – рече Шекеринска.

Главна цел на локално ниво, како што кажа, ќе им биде да направат отворена и услужна општина за сите.

„Како што напомена претседателот на СДСМ Зоран Заев за сите носители на функции и на централно и на локално ниво тоа е обврска, а не привилегија  и тие мора да бидат отворени и заинтересирани за решавање на проблемите на граѓаните. Токму затоа е потребна поддршката од страна на гостиварци за нашата листа за советници на претстојните Локални избори, нагласи Шеќеринска.

Се осврна и на почетокот на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски кои одат на овие избори со слоганот Нова ера и нов живот во Македонија.

„Со слоганот покажа дека 11 години правел се, но не за живот во Македонија, туку сеел страв и носеле корупција и криминал и заота сега бараат доверба од граѓаните за да ја заштити својата слобода и криминалот и корупцијата кој ги направил. Правдата споро доаѓа, но деновиве сме сведоци дека луѓето што стоеја зад Груевски бегаат од државата, а дел од нив со наведнати глави влегуваат во судовите.

„Ние не сме ни судии ни обвинители, но во следниот период ќе покажеме дека законот е еднаков  за сите и важи за сите, а криминалот ќе носи одговорност. Нивната ера заврши и на 15 октомври ќе покажеме дека Македонија тргна напред и оти враќање назад нема – рече заменик-претседателката на СДСМ.

Носителот на листата на советот на општина Гостивар, Зоран Ангелов професор во Средното техничко училиште рече дека сака да го даде својот придонес за да спречи градот што го сака да не останува и понатаму без се она за што вреди да се живее.

Тој најави приспособување на постоечката урбана и рурална инфраструктура во интерес на граѓаните и демократски механизми во функционирањето на локалната власт со овозможување петиции и граѓански иницијативи за подобрување на работата на советот, а со тоа и условите за живот во Гостивар.

Вети гасификација на општината што  ќе придонесе за почист воздух, но и подобри услови за живеење и работа на малите и средните претпријатија, профункцинирање на регионалната депонија во Русино преку јавно приватно партнерство,  фабрика за рецеклирање на отпад, пречиститлена станица за отпадни води, регулирање на сообраќајниот хаос, изградба на затворен пазар со катна гаража, проширување на булеварот „Браќа Гиновски“ во Гостивар, како и патната инфраструктуира во населбата Млаки.

актуелно Гостивар Зоран Заев македонија Никола груевски Радмила Шеќеринска сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.