Разрешувањето на Зврлевски е прв чекор кон создавање независен и слободен правосуден систем. Нема повеќе „Сваровски“ судство, рече Петре Шилегов од СДСМ.
Тој вели дека Македонија на последните избори гласаше за промени и за систем каде сите ќе бидеме еднакви и дека и покрај опструкциите од страна на опозицијата, тие промени ќе се случат.
„Македонија повторно ќе застане во друштво со демократските земји“, истакна Шилегов.
Во врска со изборот на нов јавен обвинител, Шилегов рече:
„Секој кој е способен да ја врати правдата во Македонија е добредојден во процесот за избор на нов јавен обвинител“







