Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов: Разработен план за сообраќајно решение за Водно
Скопје

Шилегов: Разработен план за сообраќајно решение за Водно

ноември 6, 2017Updated:ноември 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска информира дека е разработен план за сообраќајно решение за Водно. Имплементацијата ќе биде за викендот, по 15 овој месец, во зависност од преземањето на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

„Начелно ќе има два пункта од кои ќе поаѓаат посебни градски линии. Едниот е кај паркингот кај „Нова Македонија“, а другиот е кај катната гаража спроти „Макпетрол“. Поминувањето на автомобилите би се затворило кај новиот пат за Сопиште, кој е пробиен. Граѓаните ќе можат и да ги паркираат своите автомобили на безбедно место и да ги користат услугите кои ги дава ЈСП „Скопје“, како би можеле да стасаат до Водно, рече Шилегов.

Тој најави дека во претстојниот период ќе дојде до целосна реорганизација на паркирањето, во рамки на потенцијалот и инфраструктурата која постои.

„Тоа ќе опфаќа и постепено, заради недостаток на инфраструктура, ослободување на тротоарите за паркирање на автомобилите во централното градско подрачје, како и целосна регулација на режим каде може и каде не може да се паркираат возилата. Со тек на време ќе го воведеме и резиденцијалното паркирање за луѓето кои живеат таму, како единствен начин на паркирање во определени зони од градо, рече Шилегов.

На новинарско прашање за загадувањето на воздухот, Шилегов рече граѓаните да бидат трпеливи бидејќи само осум работни дена е на функцијата градоначалник. Најави дека по 15 овој месец ќе биде промовиран целосниот план за она што може да се преземе во текот на оваа сезона. Ќе има голема акција за чистење на Скопје пред да почнат мразовите со цел да се исчисти градот, а од пролет ќе има акции за раззеленување на градот.

Една од мерките за која размислуваат е скалесто покачувањето на паркирањето во центарот на Скопје за оваа зима, наспроти намалувањео на цената на јавниот билет.

Шилегов информира дека на денот на преземање на функцијата на тековната сметка на Градот имало околу 850 милиони денари, а со 15.10.2017 година, како што рече, беа склучени договори и преземени обврски во висина од две милијарди и 850 милиони денари.  Додаде дека тоа во моментов го анализира градската администрација.

Тој информира дека Град Скопје заедно со пожарникарската единица околу 650 вработени, а на некои критични места, како  што рече, има неквалификуван кадар или немаме вработено кадри, како што е комуналната инспекција. Додаде дека в среда имаат состанок со МЖСПП и скопските општини со цел да се дадат ингеренции на што е можно повеќе луѓе во функција на инспектори за да се спречи формирање на диви депонии.

Според Шилегов, ќе има сериозна потреба за интервенција во системот на вадење на билетите.

„Тоа е нешто што ќе го воспоставиме по именувањето на новите директори на јавните претпријатија. Очекувам дека тоа ќе се случи во блиска иднина и целокупниот режим на јавниот градски превоз, и цената и поразличен вид на услуги, кои може тоа јавно претпријатие да ги пружи на граѓаните, ќе бидат имплементирани многу бргу, рече Шилегов.

актуелно Водно град скопје градоначалник јсп скопје Макпетрол нова македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.