Парламентот на Шкотска гласаше против планот на британската премиерка Тереза Меј за излегување од Европската унија, што е симболичен, необврзувачки глас којшто ја нагласува поделеноста на четирите нации на Соединетото кралство, по прашањето на Брегзит, пренесува Ројтерс.
Сепак, Англија и Велс одлучија да ја напуштат Унијата на референдум одржан во јуни минатата година, додека повеќето избирачи во Шкотска и Северна Ирска беа против таквата одлука.
Првиот министер на Шкотска, Никол Стерџон во повеќе наврати бараше интересите на Шкотска да се земат во обзир при претстојните преговори за Брегзит, како и тоа дека Шкотска мора да има избор за одржување на нов референдум за независност.
Ова гласање е клучен тест за тоа дали се слуша гласот на Шкотска, рече таа.







