Олаф Шолц го предупреди Западот да „избегне создавање нова Студена војна со поделба на светот на блокови“.
Во текстот за магазинот „Foreign Affairs“, германскиот канцелар повика на „вложување на максимални напори за градење нови партнерства“.
Истакнувајќи ги Кина и Русија како две земји кои претставуваат закана за мултиполарниот свет, вели дека мора да има посилно европско и трансатлантско единство.
„Западот мора да застане во одбрана на демократските вредности и да ги заштити отворените општества. Исто така, мора да го избегнеме искушението повторно да го поделиме светот на блокови“, напиша тој.
„Ова значи да се вложат сите напори во изградбата на нови партнерства, прагматично и без идеолошки пречки“, додава.
„Германците имаат намера да станат гарант на европската безбедност, каква што нашите сојузници и очекуваат да бидеме, и градител на мостови внатре во Европската унија и поборник за мултилатерални решенија за глобалните проблеми“, напиша тој.
(Фото: Син Галуп)







