Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шпекулации во Грција за размена на споменици меѓу Скопје и Атина
Македонија

Шпекулации во Грција за размена на споменици меѓу Скопје и Атина

март 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје била идејата на министерката за култура на Грција, пренесена на средба на скулпторот и автор на споменикот, Костас Вароцос, според тврдењата на уметникот за
грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици.

Во изјава за медиумите, скулпторот Варцос открива дека минатиот петок се сретнал со Зорба во Министерството за култура на Грција кога и му била презентирана идејата.

„Госпоѓа Зорба во разговорот ја спомена идејата „Тркачот“ да се пренесе во Скопје. Ѝ одговорив дека „Тркачот“ не може да замине од Атина од многу причини. Освен тоа што скулптурата ѝ припаѓа на општина Атина јас ги имам авторските права. И не е само оваа причина. Министерката го демантира предлогот што ми го достави, вели Костас Вароцос во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

И Министерката за култура за државната агенција освен што демантира, објаснува дека споменикот ѝ припаѓа на општина Атина.

„Не постои никаков предлог за пренесување на „Тркачот“, тоа не нешто неосновано. Освен тоа, скулптурата му припаѓа на градот Атина. Во рамките на една општа дискусија со истакнати грчки уметници, меѓу нив и господинот Вароцос беа разговарани и коментирани многу работи, но не и таков предлог. Јас имам други приоритети, а можноста за размена на споменици или промени на табли припаѓаат на надлежностите на други министерства. Жал ми е за вревата и моралната паника што некои побрзаа да ја демонстрираат, вели министерката за култура на Грција, Мирсини
Зорба за АНА-МПА.

Споменикот „Тркач“ изработен во голем дел од стакло, е дело на Костас Вароцос од 1988 и се наоѓа во центарот на Атина пред хотелот „Хилтон“.

актуелно Грција македонија размена споменици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.