Во фабриката „Фиат Крајслер автомобили“ (ФЦА), во Крагуевац, Србија, утринава во 6 часот почна штрајк.
Работниците штрајкуваат со прекин на работата на нивните работни места.
Тие, претходно, во два наврата, во петокот и вчера одржаа едночасовен предупредувачки штрајк во кругот на фабриката со барања да се зголемат заработувачките од 38.000 на 45.000 динари, да се примат нови работници или на друг начин да се организира работата, затоа што еден работник извршува неколку операции и работи наместо двајца или тројца кои се отстутни.
Се бара и покривање на трошоците кои ги има работникот за доаѓање на работа надвор од стандардното работно време кога нема јавен превоз, односно пред или после 22 часот.
Меѓу барањата е и исплата и зголемување на бонусот за 2017 и 2018 година.
Синдикатот најавува дека штрајкот ќе трае до исполнување на барањата или постигнување спогодба со раководството на компанијата.








