Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа мал судир во Марбеља во Шпанија, каде што се подготвува за турнирот во Мадрид.
Ѓоковиќ бил зад управувачот на „Фиат 500“ кога благо удрил во задниот дел од „мини морис“, каде што зад воланот била жена, која во прв момент не била воопшто среќна што тоа и се случило.
Сепак, кога го препознала вториот тенисер на светот, и покрај малата штета, навлекла насмевка на лицето, а се се завршило со селфи.








