Новак Ѓоковиќ одговори на предизвикот на Златан Ибрахимовиќ. Најдобриот тенисер на светот ја исполни задачата, како што знаеше и умееше, и жонглираше со тениско топче во Матрикс, како што тоа од него и од некои го „побара“ шведскиот фудбалер. Следбениците на Новак на Инстаграм се воодушевени од забавата што им ја приреди тенисерот.
Снимката на Ѓоковиќ на Инстаграм за половина час имаше 130.000 прегледи. Прв коментар остави поранешниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти.
„Топ“, напиша Принцот од Рим.
Како што следи, Ѓоковиќ ги избра своите следбеници: НБА кошаркарот и српски репрезентативец Богдан Богдановиќ, францускиот фудбалер Килијан Мбапе и легендарниот Португалец од Јувентус Кристијано Роналдо.
https://www.youtube.com/watch?v=jnF2LPcaZUY&feature=youtu.be







