Ѓоковиќ вечерва преку Инстаграм потврди дека Радек Штепанек е нов член на стручниот штаб и дека ќе му помага на Андре Агаси како втор тренер.
Целата приказна почнала на оваа социјална мрежа кога некогашниот осми рекет на светот се јавил за збор меѓу милионите фанови кои чекале да поразговараат со српскиот ас.
„Хеј Радек, не смеам да ти откријам што правам во теретаната. Сепак ти си ми голем противник.“
Кога пријателот го потсети дека го оставил рекетот, Ѓоковиќ делувал „изненадено“.
„Ти не работиш ништо, јас барам тренер. Дали сакаш да се придружиш на мојот тим? Но мораме веднаш да тргнеме, веќе е крај на ноември!“, напиша Новак.
Штепанек ја прифатил понудата после кратките преговори околу здравата храна која ќе ја добива на прекуокеанските летови, а потоа двајцата срдеќно се изгушкале. Радек за сето време додека траел „разговорот“ на Инстаграм бил во соседната просторија.






