На крајот на септември 2019 година јавниот долг на Србија изнесува 23,94 милијарди евра, што чини 52 отсто од бруто домашниот производ, објави на својата страна српското Министерство за финансии.
Јавниот долг на крајот на септември е благо зголемен во однос на претходниот месец кога изнесувал 23,83 милијарди евра, и кога неговиот удел во БДП-то бил 51,9 отсто.
На крајот на 2018 година, јавниот долг на Србија изнесуваше 23,01 милијарди евра, што беше 53,8 отсто од Бруто домашниот производ.
Најмалиот удел на јавниот долг во БДП-то, во висина од 28,3 отсто, е забележан во 2008 година, додека најголем е регистриран во 2000 година кога чинеше дури 201,2 проценти од БДП.






