На денешното судско рочиште за случајот „Топлик“, адвокатите на првообвинетиот Миле Јанакиески побараа да се изврши анализа од стручно лице на прислушуваните разговори за овој предмет кои беа слушани на претходното рочиште.
Според адвокатите, постои сомнеж тие да биле менувани, за што им билo укажано од технички советник.
Рочиштето продолжи попладнево со презентацијата на доказите. „Топлик“ се однесува на продажбата на градежна парцела за изградба на населбата „Сончев град“ на задната страна на планината Водно во општина Сопиште.