Јапонија и САД го продолжија нуклеарниот пакт, а јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно изјави дека неговата земја мора да ги намали своите резерви на плутониум, за да се одржи пактот.
Пактот меѓу двете земји е потпишан во 1998 година и и дозволува на Јапонија да произведува плутониум и да збогатува ураниум, иако истата технологија се користи и во производството на атомски бомби.
Пактот е продолжен, а ниту една од земјите потписнички не барала негова ревизија. Меѓутоа, тој може да се укине со шестмесечно предупредување на другата страна.
Јапонија моментно поседува 47 тони плутониум што, според експертите, е доволно за производство на 6.000 атомски бомби.
И покрај загриженоста на Вашингтон, Јапонија не ја намалува количината на плутониум, затоа што повторното покренување на реакторите кои можат да согоруваат плутониум е забавено, поради катастрофата во Фукушима во 2011 година.







