Фудбалерите на Јувентус се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата во вечерашниот натпревар на свој терен над Милан со 2:1.
Бранителот на трофејот за пласман во финалето ќе се борат во двомеч со екипата на Наполи, која вчера ја совлада Фиорентина со 1:0.
„Старата дама“ брзо поведе со 2:0. Прво Дибала го совлада голманот на Милан, Донаруму, а веќе во 21 минута резултатот го дуплираше Пјаниќ.
Бака во 53 минута ја врати надежта на „росонерите“ со одличен погодок од околу десет метри, но тоа беше се во Торино.
Јувентус така вечерва на некој начин и се освети на екипата Милан, која два пати оваа сезона беше кобна за нив.
„Росонерите“ беа подобри во првенството на Сан Сиро со 1:0, а после тоа го освоија и Супер купот на Италија после изведување на пенали кон крајот на 2016 година.