Единаесет таксисти се убиени во Јужна Африка, кога нивниот минубус влетал во заседа додека се враќале од закопот на својот колега.
Сите убиени се членови на Здружението на таксисти од провинцијата Гаутенг, во која се наоѓа најголемиот јужноафрикански град Јоханесбург.
Непознати сторители ги сочекале таксистите во заседа на пат во југоисточната провинција Ква Зулу – Натал и отвориле оган на минибусот.
„Возилото е нападнато од заседа. Има 11 мртви, додека четири се сриозно ранети и се наоѓаат во болница. Во оваа област има многу насилства меѓу таксистите. Го истражуваме случајот и ги бараме сторителите“, изјави портпаролот на локалната власт.
Минибусот во Јужна Африка е најпопуларен облик на такси превоз, и чести се случаите на насилство меѓу ривалските групи кои се борат за доминација во превозот на профитабилните рути.







