Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јункер во посета на Македонија
Македонија

Јункер во посета на Македонија

февруари 8, 2018Updated:февруари 8, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на 25 февруари ќе ја посети Република Македонија како прва земја од неговата турнеја низ државите од Западен Балкан во насока на презентација на Стратегијата на ЕУ за регионот.

Ова денеска на прес-конференција го најави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на која беше презентирана и длабинска анализа на пораките и содржините во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан објавена завчера во Стразбур.

„Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но и за охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на новите скратени таргети – рече Османи.

Според него, Стратегијата ги исполнува сите очекувања на Македонија, бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите, најавува подготвеност да се даде чиста препорака од страна на ЕК за отворање на преговорите и овозможува да нема диференцирање на земјите по однос на можноста за членство, туку нивно оценување поединечно според постигнатите резултати.

„Македонија со овој вординг што е даден во Стратегијата  е задоволна зашто овозможува кога ќе почне да преговара да може да ги престигне и предводниците во процесот доколку постигне резултати. Ние тоа го посакувавме, бидејќи Македонија е најстара во овој процес и пред Србија, Црна Гора и сите други држави од Западен Балкан, оти имавме Договор за стабилизација и асоцијација во 2001 година, кандидат сме од 2005 година и има најмногу напреднато во процесот на хармонизација со европското законодавство и трансформацијата на општеството – рече Османи.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија за  напредокот на земјата ќе биде соопштен на 17 април и очекува чиста деветта по ред препорака за отпочнување преговори.

Во врска со содржината на Стратегијата, она што ја издвојува во однос на сите досегашни документи, е што таа определува обврски не само за земјите кандидати, туку и за ЕУ односно процесот на проширување го прави двонасочен.

Во анексот на Стратегијата, според Османи, содржана е и листа на задачи за ЕУ преку кои таа треба да ги подготви земјите за членство.

Воедно, предвидено е ЕУ институционално да се подготви за прием на нови членки, како и да биде силна пред да стане голема.

Исто така, се предвидуваат посебни аранжмани и неотповикливи обврски со цел да се спречи новите земји членки да го блокираат пристапувањете на други земји кандидати од Западен Балкан. Од страна, пак, на земјите кандидати, се очекува да спроведат сеопфатни реформи во клучните области во однос на владеење на право, фундаментални права и управувања, зајакнување на економијата, примена на правилата и стандардите на ЕУ и помирување и добрососедски односи.

За имплементација на Стратегијата предвидена е и значителна финансиска поддршка. Само во 2018 година треба да се алоцираат една милијарда евра кои треба да го помогнат процесот на трансформација на општествата на земјите од Западен Балкан.

актуелно балкан ЕК јункер Комисија србија стразбур црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.