Свен Милер е горд невакциниран човек. Тој смета дека вакцините против ковид не се ниту ефикасни, ниту сгурни, туку ги смета за средство за заработка на фармацевтските компании и корумпираните политичари кои му ја одземаат слободата. Споре германските епидемиолошки прописи за сузбивање на заразата од корона вирус, повеќе не смее да влезе во ресторани, во куглана, во кино или кај бербер.
Од оваа недела му е забранет и влез во повеќе продавници. Но, тоа само ја засилило неговата одлучност, пишува „Њујорк тајмс“.
„Не можат да ме скршат“, вели четириесетгодишниот Милер, сопственик на бар во градот Анаберг–Бухолц. Тамошната стапка на вакцинација е 44 отсто, најниска во Германија. Милер го персонифицира проблемот кој е еднакво изразен во некои делови на Европа како и во Соединетите Американски Држави.
На места како ова, невакцинираните луѓе го активираат последниот круг од инфекцијата, ги полнат преоптоварените болнички одделенија, го загрозуваат економското закрепнување и ги принудуваат националните влади да направат дополнителни напори за да спречат четврти бран на пандемијата.
Иако студиите покажуваат дека вакцинирањето е најефективен начин за спречување на инфекцијата и одбегнување на болничко лекување или смрт во случај на зараза, уверувањата на оние кои се длабоко скептични кон вакцините се речиси невозможни. Наместо тоа, западноевропските влади се повеќе прибегнуваат кон прикриена присилба низ мешавина на обврски, поттикнување и казни.
Прикриена присила
Во многу земји тоа функционира. Кога францускиот претседател Емануел Макрон во јули најави дека ковид-потврди ќе бидат потребни за влез во повеќето јавни простори, Франција беше една од најслабо вакцинираните земји во Европа и расположението против вакцините беше силно. Денес таму има една од највисоките стапки на вакцинираност во светот.
Италијанскиот премиер Марио Драги го слкедеше примерот на Макрон и тоа со уште поостри мерки. Во Италија, но и во Шпанија, обидите на популистичките партии да ја поттикнат широката јавна реакција против вакцините главно се задушени.
Но, регионалниот отпор кон вакцинирањето против корона вирус и понатаму постои. Во средна и источна Европа и во земјите од германското говорно подрачје и во регионите кои се граничат со него, проблемот се вкорени. Во Италија, северната покраиа Болцано, која се граничи со Австрија и Швајцарија, каде што 70 отсто од аселението зборува германски, има најниска стапка на вакцинираност во земјата. Експертите брзиот пораст на тамошните инфекции го поврзаа со честите комуникации со Австрија, о и со културолошката наклонетост на населението кон хомеопатија и природни лекови.
„Постои одредена корелација со екстремно десните партии, но главна причина е таа доверба во природата“, изјави Патрик Францони, лекар кој ја предводи кампањата за вакцинирање во споменатата покраина.
„Особено во Алпите, населението од германското говорно подрачје повеќе верува на чистиот воздух, органските производи и билните чаеви, отколку на традиционалните лекови“, истакнува Франзони.
Радикални антиваксери
Впрочем, Германија, Австрија и германското говорно подрачје во Швајцарија имаат најголем удел во невакцинираната популација во цела западна Европа. Околу 25 отсто граѓани постари од 12 години се вакцинирани, во споредба со отприлика 10 отсто во Франција и Италија и речиси потполна вакцинација во Португалија.
Социолозите велат дека покрај влијателната алтернативна медицина, отпорноста на вакцините е поттикната од силната традиција на децентрализирана влада која се обидува да поттикне недоверба кон правилата наметнати од главниот град и екстремно десничарскиот екосистем кој знае како да ги искористи и двете. Спротивставувањето на вакцините, според Пиа Ламберти од ЦиМАС, истражувачка организација со седиште во Берлин, фокусирана на дезинформации и теории на заговор, делумно е последица на дејствијата на популистичките националистички движења кои со децении навлегуваат во европската политика.
Радикалните антиваксери не се многубројна група, но е доволно голема да предизвика проблем во пандемијата. Тоа покажува успех на екстремно десничарските настојувања по ова прашање и неуспехот на маинстрим политичарите да го сфатат доволно сериозно. Како резултат на тоа, во некои делови од Европа статусот на вакцинирањето стана речиси политички идентификатор како во Соединетите Американски Држави“, рече Ламберт.
Во Австрија, каде што националната влада отиде најдалеку во ограничувањата на невакцинираните, новооснованата партија против вакцините неодамна освои три места во регионален парламент на северот на земјата, веќе долго време упориште на крајната десница. Во Франција и Италија постојат жаришта на отпорот против вакцините во кои владеат национални популисти. Во Саксонија, противењето на вакцинирањето и поддршката на екстремно десната Алтернатива за Германија (АфД), најсилна политичка сила во овој дел на Германија, значително се преклопуваат.
АфД ја изгуби поддршката на национално ниво, но на поранешниот комунистички исток противењето кон вакцинирањето се покажа природно за многу избирачи кои, и онака, веќе длабоко се сомневаат во националната влада, глобализацијата, големите корпорации и маинстрим медиумите.
Вакцината поларизира
„Вакцината поларизира. Го слушам тоа од утро до вечер, секој има своја апсолутна вистина и свој сопствен канал на социјалните мрежи кој таа вистина ја поткрепува. Другата страна шири лага“, рече Ролф Шмидт, градоначалникот на Анаберг–Бухолц.
Темата е толку контроверзна што Шмидт не сака да открие дали тој е вакциниран или не.
„Мојот голем проблем моментно е да го одржам општествениот мир во овој град“, вели Шмидт.
Во Анаберг–Бухолц, некогашен средновековен град на рудари во близина на чешката граница, поделбата е длабока и видлива. Секој понеделник тврдолиниските антиваксери одржуваат мал, но бучен собир во центарот на градот. Оваа недела имаше 50 демонстранти кои извикуваа слогани како што е „вакцината убива“ и беснееја против владата во Берлин, за која велат дека е диктатура како комунизмот, но уште полоша. Многу ресторани имаат бунтовни пораки во своите излози во кои „политичките одлуки“ се обвинуваат за новите строги правила кои на невакцинираните им го забрануваат влезот.
Еден од нив е барот на Милер под името „Салон“, во кој служи преку 90 врсти на вино на посетителите кои, вели, се главно невакцинирани, како што е тој. Натписот на вратата го цитира германскиот Устав и гласи: „Без оглед на тоа дали сте (не)вакцинирани или (не)тестирани, добредојдени сте како ЧОВЕЧКО БИТИЕ!“ Овој натпис речиси го прослави – луѓе запираат за да се фотографираат, а сопственик на друго кафуле во улицата го копираше неговиот текст.
Карин и Ханс Шнајдер, двајца пензионирани минувачи кои оајцата пораснале во Анаерг–Бухолц и кои се вакцинирани, сметаат дека единствен начин скептиците да се натераат на вакцинација е да им се направи речиси невозможно тоа да не го направат. „Тоа се глупости, не можеме да дискутираме со нив, мораме да остаеме силни“, децидна е Карин.
Строги мерки за невакцинираните
Во Германија новата влада сака да наметне построги правила на невакцинираните лица, вклучувајќи ја и обврската да покажат негативен тест на корона вирус пред користење на јавниот превоз. Но, Австрија направи најмногу, го ограничи движењето на сите невакцинирани лица постари од 12 години, освен на работа, во училиште и заради купување на намирници и медицинска нега, и им даде на полицајците овластување да можат да ги проверуваат потврдите за вакцинирање.
„Ова е кршење на нашите уставни слободи без преседан“, рече Мишел Брунер, лидер на МФГ, новата антиваксерска партија.
Локдаунот за невакцинираните во Австрија беше тема на разговор во Саксонија, каде што многу сметаа дека новите ограничувања кои се воведоа оваа недела е иста работа само под друго име. Саксонија е првата германска сојузна покраина која ги исклучи невакцинираните лица од поголемиот дел од јавниот живот барајќи на голем број јавни места доказ дека се вакцинирани или го прележале ковидот. Од понеделникот им се забранети и сите неесенцијални продавници.
Могумина, исто како и Милер, се чувствуваат издадени од страна на националната влада.
„Ветија дека ема да има задолжително вакцинирање, но ова е воведување на обврска на мала врата.“
Десет минути возење од Анаберг–Бухолц, Констанца Албрехт вакцинираше со доза Фајзер-Бионтек 67-годишен маж. Доктор Албрехт е на терен со една од триесетте моилни екипи за вакцинирање кои кружат низ Саксонија како и ги привлекле луѓето да се вакцинираат.
Засега нема јасни назнаки дека новите ограничувања доведоа до поголема побарувачка за вакцинирање. Повеќето инјекции што докторката ги даде тој ден беа трета доза за луѓето кои се вакцинираа пред неколку месеци.
„Многу од оние кои доаѓаат на прва доза јасно покажуваат дека се чувствуваат присилени“, истакнува др.Албрехт.
Еден човек, раскажува таа, рекол дека тоа го прави само за да може да продолжи да го води синот на натпревари. Друга жена, пак, промрморела дека немала друг избор.
Градоначалникот Шмидт предупреди дека со издвојувањето на невакцинираните владата сее поделби.
„Овој наратив дека тие лошите невакцинирани луѓе се одговорни за зголемување на бројот на случаи не е од помош“, вели тој.саемот
Шмидт би сакал да собира луѓе. Тој лобира пристапот на познатиот Божиќен саем во градот да биде без ограничувања за невакцинираните, а наместо тоа да има задолжително тестирање за сите.
Во Анаберг–Бухолц половина тезги се веќе поставени, според планот за отварање на 26 ноември. Сепак, Шмидт е загрижен дека можеби регионалната влада ќе го забрани саемот.
„Тоа би било прелевање на чашата. За нашиот крај ова е повеќе од ожиќе саем, тоа сме ние како град и како регија. Тоа е чувство, тоа е идентитет. Големите градови, за жал, тоа не го разбираат“, заклучи градоначаликот Шмидт.
(Фото: ЕПА)