Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Њујорк Тајмс“: Минатата недела Трамп беше разубеден од идејата да го нападне Иран
СВЕТ

„Њујорк Тајмс“: Минатата недела Трамп беше разубеден од идејата да го нападне Иран

ноември 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– На состанокот на 12 ноември, американскиот претседател Доналд Трамп беше одвратен од напад на подземна фабрика за збогатување ураниум во иранскиот град Натанц, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на четири извори меѓу сегашни и поранешни функционери.

Според нив, Трамп на состанокот во Белата куќа минатиот четврток бил заинтересиран за тоа какви можности има за конкретно дејствување во врска со тој ирански нуклеарен објект во наредните недели. Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, државниот секретар Мајк Помпео, вршителот на должноста министер за одбрана Кристофер Милер, претседател на комитетот на началниците на генералштабовите, генерал Марк Мили и други го одвратија шефот на државата од употреба на сила. Според нив, нападот врз погонот во Натанц може лесно да се претвори во голем судир на Блискиот исток за неколку недели, што по резултатите од општите избори во САД може да биде последен во работата на републиканската администрација.

Според изданието, било посочено дека нападот може да е или ракетен или кибер напад. Официјални претставници кои присуствуваа на состанокот ја напуштиле Белата куќа убедени дека веќе нема да стане збор за употреба на американска воена сила против Иран. Републиканската администрација не одговори на барањето на весникот за коментар во однос на овој случај.. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) заклучи во доверлив извештај дека Техеран продолжува да го зголемува обемот на нискозбогатен ураниум над нивото утврдено во Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) за иранската нуклеарна програма Во извештајот се вели и дека Иран ја инсталирал првата каскада со надградени центрифуги во подземната фабрика во Натанц, но сè уште не ги наполнил со ураниум. Во септември 2020 година, Иран објави дека по пожарот во нуклеарниот објект Натанц, било решено да се започне со создавање на нова фабрика за производство на центрифуги за збогатување ураниум.

JCPOA беше потпишан од Иран, постојаните членки на Советот за безбедност на ООН (Русија, Велика Британија, Кина, САД, Франција) и Германија во 2015 година. Договорот го ограничи нуклеарниот развој на Техеран во замена за укинување на санкциите на ООН и едностраните ограничувачки мерки од САД и ЕУ. Иран се обврза 15 години да не збогатува ураниум на повеќе од 3,67 отсто и да одржува резерви на збогатен ураниум на ниво што не надминува 300 кг, како и да не гради дополнителни реактори со тешка вода, да не акумулира тешка вода и да не развива нуклеарна експлозивна направа. Во 2018 година, САД објавија повлекување од JCPOA и воведоа економски санкции за Иран.

актуелно идеја Иран напад Њујорк тајмс разубеден трамап
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.