Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина.
Пописот ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.
„Следната недела ќе одам на состанок со Симовски за да ги утврдиме соодветните трермини. Првичните планови беа меѓу 1 и 30 април, но тој може да се спроведе во мај, може и есента 2020 година. Сепак, да не прејудицираме што било пред да разговарам со директорот. Не треба да се откажуваме од спроведување попис следната година“, рече Заев.
Операцијата за пребројувањето на населението беше најавена за во април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април таа не може да се одржи во првично предвидениот датум.
(Фото: МИА)







