Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ќе се проверува имотот на членовите на Антикорупциската комисија
Македонија

Ќе се проверува имотот на членовите на Антикорупциската комисија

август 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), менување на условите за именување претседател и членови на Комисијата, како и проширување на нејзините надлежности, се дел од измените и дополнувањата на Законот за спречување на корупцијата што од денеска е ставен на јавна расправа.

Основната цел на измените на Законот, како што посочи на денешната прес-конференција министерката за правда Рената Дескоска, е зајакнување на ефикасноста и независноста на ДКСК и постигнување поефикасна превенција и борба против корупцијата.

„Се воведуваат нови надлежности на ДКСК со кои се предвидува Комисијата да ја следи и утврдува законитоста на финансирањето на политичките партии. Во случај на постоење на сомневање за незаконито финансирање на политичка партија, ДКСК по сопствена иницијатива ќе презема мерки за утвдрување на фактичката состојба, истакна министерката за правда.

Следната надлежност на ДКСК, како што рече Дескоска, ќе биде контрола на финансиско-материјаното работење во предметите по кои постапува, по извештаите на Државниот завод за ревизија за контрола на постапките кои укажуваат на незаконитости во материјално-финансиското работење на буџетски корисници.

„Законските измени предвидуваат годишна контрола на имотната состојба на претседателот и членовите на ДКСК, а се проширува и кругот на лица чија имотна состојба ќе поднесуваат анкетен лист до оваа Комисија, појасни Дескоска.

Во контекст на тоа, министерката за правда додаде дека, покрај сите избрани и именувани, одговорни лица во јавни претпријатија, со озмените се предвидува и нотарите и извршителите да поднесуваат анкетен лист до ДКСК и УЈП и изјава за откажување од банкарска тајна.

Таа рече дека членовите на ДКСК во однос на финансиското работење подлежат на контрола од Државниот завод за ревизија, како и сите други институции.

Со законските измени се менуваат условите за именување претседател и членови на ДКСК, како и постапката за избор на Комисијата.

„Предвидено е ДКСК да биде составена од претседател и четири члена, кои ги именува Собранието на РМ со мандат од пет години, без право на повторен избор во наредните пет години, рече Дескоска.

Измените на Законот од денеска се ставени на јавна дебата, а следната недела, како што рече министерката Дескоска, ќе биде организирана и тркалезна маса, по што очекува што поскоро законот да биде пратен во Собранието на РМ.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со екстрадицијата на двајцата обвинети во случајот „Монструм“ од Косово, Дескоска рече дека минатата недела добиле барање од судот, кое не било комплетно и повторно го вратиле да се докомплетира со сите документи што се потребни.

„Штом ќе добиеме комплетна документација уште истиот ден ќе биде пратено барањето. Наш интерес е да овозможиме ефикасно одвивање на судските постпки што се водат пред судовите во Македонија, истакна министерката за правда.

актуелно Дескоска дкск Комисија рм ујп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.