Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Ако има договор на лидерската, разрешувањето на Јанева и законот за ЈО на седници уште утре
Политика

Џафери: Ако има договор на лидерската, разрешувањето на Јанева и законот за ЈО на седници уште утре

септември 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од исходот на вечерашната средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРОДПМНЕ Христијан Мицкоски, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на
парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, но таа мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември.

Доколку има договор, седниците би можеле да бидат закажани уште утре, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, кој потенцира дека мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева.

„Во 20 часот ќе се одржи лидерска средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата овде во Собранието и очигледно процедурално имајќи предвид дека тоа е најавено, како Собрание, сметам дека треба да се даде можност на лидерите да дојдат до конечно прифатливо решение за сите страни и во тој контекст ќе биде резултатот
во однос на обврската за седницата. Во секој случај ќе почекаме како ќе завршат разговорите а од утре натаму не е спорно во кој било момент да се одржи седница за разрешување на Јанева“, изјави Џафери.

По одржувањето на комисиската седница на која се донесе предлогодлука за разрешување на специјалната обвинителка, која е во притвор за случајот „Рекет“, Џафери упатил формално барање до четирите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците за писмено да достават согласност за разрешувањето на Јанева, според Законот.

Досега формална писмена согласност е добиена само од ДУИ и Алијанса на Албанците.

„Во четвртокот заврши комисиската расправа во однос на иницијативата на Советот на јавни обвинители во однос на барањето за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обврска на Собранието е да расправа и според закон со двотретинско мнозинство и плус Бадентеровото гласање да се потврди предлогот на Комисијата за
разрешување и истиот да се врати на усвојување на Советот на јавни обвинители. Во четвртокот попладне упатив писмо до четирите најголеми политички партии онака како што налага Законот за специјалното јавно обвинителство, за да написмено да ми достават согласност кон пристапување за утврдување предлог одлука за разрешување на Јанева“, рече претседателот на Собранието.

Доколку биде постигнат договор на вечерашната лидерска средба, реално е да се очекува утре да продолжи седницата на Комисијата за европски прашања, која ги разгледува амандманите за Законот за јавно обвинителство, со кој се предвидува СЈО да се трансформира во ОЈО за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција.

Досега се поминати 10 амандани, а останати за разгледување се уште 41.

По комисиската расправа, би можело веднаш да се свика продолжение на собраниската седница и законот да биде донесен.

Разрешувањето на Катица Јанева треба да биде на нова седница, која исто така би можела да биде утре, а најдоцна до 15 септември.

Утре Собранието има закажано нова 111. седница, така што услови за кворум и гласање би можело да има.

Меѓу пратениците од обете партии владее оптимизам дека договор може да биде постигнат.

актуелно Договор закон за јо Јанева лидерска разрешување седница џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.