Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Има интерес за посилна економска и политичка соработка со НР Кина
Политика

Џафери: Има интерес за посилна економска и политичка соработка со НР Кина

јуни 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија што ја предводи претседателот Талат Џафери, а во чиј состав е потпретседателот Горан Мисовски и координаторите на политичките партии, Јован Митрески од СДСМ, Никола Мицевски од
ВМРО-ДПМНЕ, Ејуп Алими од ДУИ, како и претседателката на пратеничката група за соработка со Секинескиот народен конгрес, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, имаше средба со претседателот на Националниот комитет на политичката консултативна конференција Ванг Јанг, на чија покана и се остварува официјалната посета на Народна Република Кина.

Националниот комитет на политичката консултативна конференција е политичко советодавно тело составено од делегати од голем број политички партии и организации, како и независни членови и на неговите состаноци се донесуваат важни политички одлуки на национално ниво.

Претседателот на Собранието Џафери, соопшти денеска собраниската прес-служба, на својот домаќин му изразил благодарност во име на членовите на делегацијата за поканата и за реализацијата на официјалната посета.

Истакнувајќи дека Република Северна Македонија континуирано го афирмира ставот за постоење на „една Кина”, тој потенцирал дека од наша страна високо се цени и поддршката од Народна Република Кина на меѓународен план.

Покрај потврда за добрите билатерални односи, посетата според Џафери, овозможи посета на Шангај и одблиску запознавање со неговиот развој во светски финансиски центар и еден од моторите на кинеската економија.

При разговорот, како и со сите други државни претставници претходно, се фокусираа на сите аспекти на билатералните односи и можностите за унапредување на соработката во сите полиња од заеднички интерес.

Иако во последните години трговската размена бележи тренд на постојан пораст, претседателот Џафери нагласи дека постои интерес во иднина кинеските инвестиции да се динамизираат и зголемат.

Како области во кои кинеските компании би можеле да го најдат својот интерес беа посочени мрежата на слободни трговски зони и инфрастуктурните објекти долж
коридорот 8, се подвлекува во соопштението.

Претседателот Ванг, оценувајќи дека меѓусебната соработка се развива во насока која дава добри резултати, нагласил дека оваа посета на највисоко ниво во последните неколку години придонесува за понатамошно унапредување на билатералните односи.

Тој истакнал дека Народна Република Кина го цени пријателството со Република Северна Македонија и ја поддржува во исполнувањето на зацртаните стратешки определби, а во таа насока и подготвеноста за решавањето на спорот за името со цел
надминување на пречките за евроатланската интеграција.

Ванг изразил надеж дека ќе продолжат активностите во рамки на процесот на соработка 17 + 1 на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и го поздравил одржувањето на „Четвртиот форум за културна соработка помеѓу земјите од ЦИЕ и НР Кина” од 19-ти до 21-ви ноември оваа година во Скопје.

Говорејќи за важноста и значењето на директните контакти меѓу граѓаните на двете држави, тој истакнал дека има простор и за интензивирање на туристичката размена која би придонела за меѓусебно запознавање со богатите културни традиции на двете далечни но пријателски држави.

Како што стои во соопштението од Собранието, Ванг имал и краток осврт на
работата на Националниот комитет на политичката консултативна конференција и истакнал дека институцијата посветува големо вниманиена унапредување на билатералната соработка со Република Северна Македонија.

За посетата на претседателот Џафери подвлекол дека дава силен импулс на меѓусебните односи.

Со цел одржување на редовни контакти на високо ниво, му била упатена покана за возвратна посета на Република Северна Македонија во претстојниот период.

актуелно делегација Кина собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.