Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џозеф: Договорот од Преспа заслужува Нобелова награда
Македонија

Џозеф: Договорот од Преспа заслужува Нобелова награда

август 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови поврзани со идентитетските прашања, вели политичкиот аналитичар и поранешниот член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Повторувајќи го и објаснувајќи го неговиот став зошто во неговиот текст објвен во „Фореин полиси” во јуни годинава напиша дека договорот меѓу Македонија и Грција, но и премиерите на двете земји заслужуваат да бидат кандидати за Нобеловата награда, Џозеф кој е професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, истакнува дека не станува збор за смешно прашање како што некои го карактеризираа, туку дека е „потребен кураж за да се направи компромис”.

– Вистинската причина поради која овој договор заслужува Нобелова награда не е само затоа што конечно решава еден проблем, туку веројатно бидејќи создава нов модел за решавање на меѓународните спорови кои се поврзани со идентитетски прашања. Помислете на пример на спорот меѓу Израел и Палестина што се однесува на идентитетот на Ерусалим. Пристапот усвоен во Договорот од Преспа создава меѓународен модел што заслужува комлетно да се земе предвид за Нобелова награда, вели Џозеф.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој во интервјуто за АНА-МПА објаснува дека карактеристиката на владите одиграла важна улога, бидејќи и во двете земји, во ист период, имало лидери со политичка смелост да ги отворат прашањата, а не само да разговараат, но и да влезат во суштината и покажале желба за конечен, а не привремен договор.

Во однос на реакциите и во двете земји, Џозеф вели дека фактот што критиките се исти и од две страни, „јасно покажува дека постои праведен компромис”.

„Оној што е резервиран треба да го прочита самиот договор и да утврди дека се направени напори да се одржи почитувањето на историскиот приказ на секоја земја. И така имаме едно прашање кое всушност, остана отворено за речиси 100 години бидејќи коренот е уште од времето на Балканските војни, да се затвори еднаш и засекогаш, објаснува професорот во интервјуто, пренесе МИА.

Тој додава дека договорот му служи на стратешкиот интерес на Грција и помага земјата да добие улога на регионална сила.

актуелно Грција Ерусалим Израел македонија Палестина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.