Американскиот актер Џони Деп се извини поради шегата на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп која ја кажал на фестивалот во Англија.
Трамп на магазинот „Пипл“ му испрати соопштение во кое навел дека „само се обидел да биде забавен“, пренесува АП.
Актерот истакна дека не сакал да биде злобен, признавајќи дека шегата не била воопшто прикладна.
Деп на фестивалот во Глестонбери одговараше на прашања на публиката за својот филм „Либертини“ од 2004 година кој беше прикажан на манифестацијата.
„Ова ќе излезе во медиуми и ќе биде ужасно. Кога последен пат актер убил претседател? Само да разјасниме, јас не сум актер…. Можеби дојде време“, изјави во таа пригода Деп.
Би-Би-Си напомена дека коментарот на Деп можел да се однесува на убиството на поранешниот претседател на САД, Абрахам Линколн, кого во 1865 година го уби актерот Џон Вилкс Бат.
АП наведува дека за случајов се огласи и Тајната служба која само навела дека е запозната со изјавата на Џони Деп, но дека не сакала ништо повеќе од тоа да коментира.