Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џонсон во ненајавена посета на Киев
СВЕТ

Џонсон во ненајавена посета на Киев

април 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Украина е подготвена за тешка битка со руските сили кои се собираат на истокот на земјата“, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски, кому во ненајавена посета му беше британскиот премиер Борис Џонсон, за да понуди нова финансиска и воена помош.

Џонсон е последниот во низата странски лидери што го посети Киев откако руските сили се повлекоа од областа северно од главниот град пред нешто повеќе од една недела. Неговата посета не беше најавена претходно.

„Денеска се сретнав со мојот пријател, претседателот Зеленски во Киев, за да покажеме заедно непоколеблива поддршка за украинскиот народ“, напиша Борис Џонсон на Твитер по средбата.

Тој вети дека на Украина ќе и испрати оклопни возила и противбродски ракети. Џонсон и оддаде почит на украинската војска за „најголемиот подвиг на 21 век“, кој овозможи пораз на „монструозните намери на Путин“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

„Оваа посета е израз на одлучна, силна и стална британска поддршка за Украина. Ние го цениме тоа и секогаш ќе памтиме“, објави Зеленски во соопштение.

Претходно во текот на денот украинскиот лидер разговараше со австрискиот канцелар Карл Нехамер. Тој на заедничка прес-конференција предупреди дека иако воената закана за Киев е намалена, таа расте на истокот на земјата.

„Руските сили се собираат во источна Украина“, рече Зеленски. „Ова ќе биде тешка битка, но ние веруваме во оваа борба и во нашата победа. Подготвени сме да се бориме и во исто време да бараме дипломатски начини кои ќе ни овозможат да ставиме крај на оваа војна“, додаде тој.

Во градовите во источна Украина се огласија сирените кои предупредуваат за воздушни напади. Тој дел од Украина стана жариште на руската воена акција по повлекувањето од подрачјата околу Киев. Украинската војска тврди дека Москва се подготвува за напад за да има целосна контрола врз регионите Донбас, Доњецк и Луганск, кои делумно се во рацете на сепаратистите од 2014 година, а нив ги поддржува Москва.

Вчера Украина ја посетија Џонсон и Нехамер, кои таму пристигнаа еден ден по претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Целта на нивните посети е да се истакне поддршката на Западот за Зеленски.

Фон дер Лајен вчера изјави дека Европската комисија обезбедила една милијарда евра, наменети за Украина и за земјите во кои пристигнуваат украински бегалци.

Посетите на странските лидери и најавата на Италија за повторно отворање на амбасадата во Киев кон крајот на овој месец се нови знаци дека градот постепено се враќа во релативна нормалност.

Во Киев почнаа да се враќаат и некои Украинци, а постепено повторно се отвораат кафулињата и рестораните.

актуелно Борис Џонсон Володимир Зеленовски Донбас Киев Москва русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.