Доколку барате туристички дестинации каде што ќе се чувствувате безбедно, една од земјите со најмалку криминал може да ви послужи како инспирација. Ново истражување спроведено од осигурителната компанија Berkshire Hathaway Travel Protection (BHTP) покажува дека патниците во огромно мнозинство се чувствувале најбезбедно во Европа.
Секоја година, BHTP анкетира голем број патници за местата што ги посетиле и проверува колку се чувствувале безбедно, а особено ги таргетира поранливите групи: жени, членови на ЛГБТК+ заедницата или други маргинализирани групи.
Податоците потоа се дополнуваат со резултатите од Глобалниот индекс на мир и слични индикатори за безбедност. Минатата година, Исланд го освои првото место меѓу најбезбедните земји во светот, но оваа година падна на четвртото место, додека Холандија го презеде водството.
Тоа е голем чекор напред за Холандија, која минатата година беше на 14-то место. Патниците открија дека се чувствуваат многу добредојдени во Холандија и го пофалија здравствениот систем. На второ место е Австралија, која има стабилен политички систем, ниска стапка на криминал и строги закони за оружје. Оваа година, Австрија исто така беше вклучена во истражувањето за прв пат, ставајќи ја на високото трето место.
15 најбезбедни земји за патување во 2026 година
1. Холандија
2. Австралија
3. Австрија
4. Исланд
5. Канада
6. Нов Зеланд
7. Обединети Арапски Емирати
8. Швајцарија
9. Јапонија
10. Ирска
11. Белгија
12. Португалија
13 .Франција
14. Обединето Кралство
15, Данска







