Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЈИ: Утврдување одговорност за прислушувањето е важно за членство во НАТО и ЕУ
Македонија

ЈИ: Утврдување одговорност за прислушувањето е важно за членство во НАТО и ЕУ

октомври 3, 2017Updated:октомври 3, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик-помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, во интервју за ТВ Алсат М, изјави дека многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со прислушувањето.

„Тоа ќе биде клучен чекор за Македонија да ги увери НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери дека е подготвена да се интегрира во тие организации, нагласи Ји.

„Тоа е важно и за граѓаните на земјата да се уверат дека е воспоставено владеење на правото. Ги повикуваме сите политички партии, политички и владини лидери, членовите на Парламентот, да сторат сѐ што можат да биде спроведена правдата, СЈО да ја добие потребната поддршка за да си ја заврши работата и да нема политички притисок врз обвинителите и судиите од инволвираните во утврдување на одговорноста. Тоа треба да се направи во разумен рок и да не се одолговлекува – истакна Хојт Ји.

Клучно за иднината на Македонија, според него, е да се направат потребните судски реформи, кои ќе овозможат судството да стане независно, слободно од политички притисок, за да може да носи брзи и навремени одлуки, со што ќе се овозможи силно владеење на правото.

„Тоа е важно за граѓаните, за интеграцијата во НАТО и ЕУ, но и за привлекување странски инвеститори, рече Ји.

За релациите власт- опозиција, Ји рече дека секоја демократија има потреба од силна влада, но и од силна опозиција, која нема само да блокира предлози со кои не се согласува, туку и ќе нуди алтернативи. Македонија, не може да си дозволи луксуз на постојани одлагања и опструкции од партиите вели ЈИ.

„Демократско право е да се користат сите законски алатки што се во согласност со парламентарните правила. Но обврската за одговорна, конструктивна опозиција значи не само блокирање предлози туку и нудење алтернативи.

„Затоа, се надеваме дека ВМРО и другите парламентарни партии ќе бидат конструктивни, дека ќе бараат компромиси кога има несогласувања. Одблиску ќе набљудуваме, исто како и ЕУ. Ќе ги сметаме за одговорни оние партии или поединци што опструираат само заради опструкција или заради лични и други намери нагласи Хојт Ји.

Заменик-помошникот државен секретар на САД се осврна и на влијанието на Русија во регионот на Западен Балкан. Смета дека Македонија треба да се спротивстави на руското влијание и на дезинформациите што пристигнуваат од Москва.

„Гледаме дека Русија се обидува да ја обесхрабри интеграцијата на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ.

„Важно е Македонија да работи со нас, со ЕУ и со партнерите во регионот, да продолжи да се противи на малигните влијанија од кој било извор што ќе дојде, да продолжи да ја јакне независноста на медиумите, важно е да има силни, професионални, независни медиуми што ќе се спротивстават на дезинформациите од Русија или други извори, рече Хојт Ји.

актуелно вмро-дпмне македонија нато еу Хојт Ји
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.