Самостојната изложба „Танц на рацете“ на академскиот сликар Сергеј Анреевски ќе биде отворена денеска во галеријата „Акантус“ во Скопје.
На изложбата се поставени 40 дела што до сега не биле претставени пред скопската публика, а дел од нив се претходно изложувани во Берлин, Москва, Љубљана.
Според Марина Лешкова, куратор на изложбата, во сликите целиот опус се нанижува во една логична нитка, матрица пренесена од неговите древни претци на македонското поднебје.
Каде и да е тој е дома, сликите се неговиот дом.
Изложбата ќе биде отворена до 10-ти декември.