Вицепремиерот за јавен ред и мир и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, пристигна во Скопје, на тет-а-тет средба со својот македонски колега Оливер Спасовски.
На средбата ќе се разговара за одбележувањето на 4 февруари – 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Добре дојде за мојот колега Иван Демерџиев, заменик-претседател на Владата за Јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија. Ќе оствариме тет-а-тет средба, по што следува и официјална средба на двете делегации…“, напиша министерот Спасовски на Фејсбук.
Двајцата министри нема да имаат заедничка прес-конференција туку. За средбата, за разговорите и за тоа што е договорено, од МВР информираа оти ќе има соопштение.
Чествувањето на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, е посочен како настан од висок безбедносен ризик со оглед дека е најавено доаѓање на бугарски граѓани во Скопје во црквата „Свети Спас“ за, според нив, „да му одадат почит на бугарскиот револуционер“.







