Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 40 милијарди долари американска помош за Украина
СВЕТ

40 милијарди долари американска помош за Украина

мај 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот Конгрес вчера одобри помош за Украина во износ од 40 милијарди долари, што е уште еден знак за силната поддршка што Џо Бајден му ја ветил на Киев. Тој огромен пакет помош вклучува 6 милијарди долари за опремување на Украина со оклопни возила и зајакнување на нејзината воздушна одбрана во време на жестоки борби на истокот и југот на земјата.

Речиси 9 милијарди долари се наменети за да се обезбеди, меѓу другото, „континуитетот на украинските демократски институции“, како и голем хуманитарен пакет.

„Мерките за помош на Украина се многу повеќе од само милостина“, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, неколку часа пред Горниот дом на Конгресот со големо мнозинство да го одобри финансирањето.

„Американската безбедност и стратешките интереси ќе зависат од исходот на оваа војна“, рече тој.

Нацрт-законот, кој веќе беше одобрен од Претставничкиот дом минатата недела, треба само да биде потпишан од Џо Бајден.

Во средината на март, Конгресот веќе деблокираше скоро 14 милијарди долари за украинската криза.

Но, американскиот претседател со недели бара значително зголемување на помошта за да може да ја поддржи Украина во новата фаза од војната.

Овие 40 милијарди долари трошоци, колку што во 2020 година износуваше БДП-то на Камерун, изненадувачки добија многу голема поддршка од двете партии, што ретко се случува во Конгресот.

„Кога станува збор за Путин, можеме да одлучиме да платиме сега или подоцна“, рече републиканскиот сенатор Линдзи Грахам, кој не е баш познат како голем поддржувач на политиката на Бајден.

По првите пратки со одбранбено оружје, Вашингтон сега испраќа артилерија, хеликоптери и беспилотни летала, со кои ракуваат украински војници обучени во САД и трети земји, пред да се вратат на бојното поле.

Со околу 9 милијарди долари одобрени од Конгресот, Американците треба да ги обноват своите резерви на оружје.

Сенатот, традиционален сојузник на американските претседатели во областа на надворешната политика, ја потврди вчеравечер одлуката за тоа Бриџит Бринк, дипломат од кариера, да биде нов амбасадор во Украина.

Америка нема амбасадор во Киев од 2019 година.

Во Германија вчера, финансиските лидери на Г-7 се договорија за 18,4 милијарди помош за Украина, за земјата да може да ги плати сметките во наредните месеци, и рекоа дека се подготвени да стојат на страната на Киев во текот на целата војна со Русија и да направат и повеќе ако е потребно, информираа после состанокот од Г-7.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на САД, Јапонија, Канада, Велика Британија, Германија, Франција и Италија водат преговори додека Украина, која Русија ја нападна на 24 февруари, се обидува да се одбрани и троши значителни финансиски средства.

„Во 2022 година, мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучувајќи и 9,2 милијарди долари неодамна превземени обврски“, се вели во соопштението.

„Ние ќе продолжиме да стоиме покрај Украина за време, но и по оваа војна, и подготвени сме да направиме се што е потребно“, се вели во соопштението.

Г7 го поздрави предлогот на Европската комисија во средата да ѝ позајми 9 милијарди евра на Украина, истакнувајќи дека Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација планираат поддршка од 3,4 милијарди долари. Но, не е јасно дали тие средства се дел од 18,4 милијарди долари или станува збор за друг пакет помош за владата во Киев.

актуелно Америка Киев помош русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.