Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 47 милиони евра исплатени за неживотно осигурување
Градови

47 милиони евра исплатени за неживотно осигурување

декември 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Осигурителните компании во првите девет месеци од годинава  исплатиле 47 милиони евра за неживотно осигирување. Исплатени се над 55 илјади штети што е за 20 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето информираат дека вкупниот износ на исплатени штети во овој период е за 6,9 милиони евра или за 17 отсто повисок во однос на истиот период лани.

Од штети на осигурен имот, која е најголемата доброволна осигурителна класа, осигурениците наплатиле вкупно 7,6 милиони евра што е 22,6 отсто повеќе од истиот период минатата година. Притоа, физичките лица од штети на осигурен имот наплатиле 3,23 милиони евра што е за 11 отсто повеќе од лани, а на правните лица, пред се на компаниите, за штети на имотот им биле исплатени 4,4 милиони евра или 33 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. 

Кај приватното здравствено осигурување, кое е најбрзорастечката класа, исплатени се 90 отсто повеќе средства во споредба со првите девет месеци лани. Осигурениците од нивните полиси за приватно здравствено осигурување наплатиле 2,33 милиони евра.

Кај осигурувањето од незгода, која е најбројна осигурителна класа со над половина милион склучени договори, до крајот на септември исплатени се 5,4 милиони евра или 18 проценти повеќе од лани. Во делот на каско осигурувањето, исплатени се штети на исто ниво како и минатата година.

– Кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност компаниите на осигуреници исплатиле 1,26 милијарди денари (20,54 мил.евра) заклучно со крајот на септември годинава. Тоа е за 19 отсто повеќе односно 203 милиони денари (3,3 мил.евра) повеќе од истиот период лани. По основ на штети покриени со зелен картон осигурителните компании за првите девет месеци исплатиле 215 милиони денари (3,5 мил.евра) што е за 2 отсто помалку од истиот период лани, информираат од АСО. 

 

 

извор: МИА

 

 

неживотно осигурување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026

За првпат во Македонија, годинава ќе се полага три вида матура

јуни 2, 2026

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

мај 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.