5Г ги урива ограничувањата

Комуникациската 5Г-мрежа, според најавите на операторите, ќе овозможи масовно интернет-вмрежување и целосна трансформација на животот и работата на луѓето во „паметното“ дигитално општество.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво би требало да отпочне во
2020 година, некои технолошки гиганти, како Т-Мобајл, Водафон и
кинескиот и корејскиот Телеком, веќе ја тестираат 5Г-технологијата. За
одреден број луѓе таа е веќе достапна.

Снимката од тестот на брзината на 5Г на новиот „самсунг галакси С10“, објевен деновиве на Твитер, стана хит на интернет.

Брзината на пренос на податоци од 1.098 мегабајти во секунда, за многумина изгледа просто неверојатно.