Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.
Во 69 од 80 општини пријавени за гласање се 1.859 болни и немоќни лица.
Членови на избирачките одбори ќе ги посетат нивните домови каде што болните и изнемоштените лица ќе го остварат правото на глас.







