На Тјентиште денеска се одбележа 74 годишнината од битката на Сутјеска, најголемата партизанска битка во Втората светска војна.
Против 120.000 германски и италијански сили и десетина илјади припадници на усташкото и четничкото движење, со поддршка на 300 авиони, борбата ја водеа 20.000 партизани со кои беа Врховниот штаб и Централната болница со 3.000 ранети.
Офанзивата заврши со пробив на партизанските единици, со нивно извлекување од обрачот и продолжување на движењето кон југоисточна Босна. Во овие борби загинаа 7.000 партизани.
Одбележувањето на годишнината од битката на Сутјеска присуствуваа повеќе стотици поддржувачи на партизанското движење за кои е одржан историски час.
Од Тјентиште уште еднаш е испратена порака дека битката на Сутјеска е симбол на заедничката борба на југословенските народи, нивната храброст и способност да се спротивстават на седумкратно посилниот непријател.
На централниот споменик на народните херои, на Спомен костурницата на Тјентиште, а после тоа на присутните им се обратија официјални лица од Република Српска и Србија.








