Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стипендии за 287 деца со попреченост за рамноправна вклученост во училиштата
Во Фокусот

Стипендии за 287 деца со попреченост за рамноправна вклученост во училиштата

ноември 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупно 287 ученици со попреченост кои се запишани во прво и второ одделение оваа учебна година ќе добијат стипендии, со цел нивна рамноправна вклученост во училиштата, но и поддршка на нивните семејства.

Ова е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а заложбата е сите ученици да бидат еднакво инклузивни во општеството, без оглед на нивната способност.

Проектот се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ од Тетово, како и со Министерството за образование и наука.

Финансиран е Европската Унија, и ќе трае три години. Почна во септември годинава, ќе заврши во август 2023 година.

Елена Мишиќ од Фондацијата Чекор по Чекор и лидер на проектот посочи дека првата главна цел е да им се помогне на сите ученици без оглед на видот на нивната попреченост, без разлика дали се работи за физичка, сетилна или интелектуална попреченост, да се вклучат во образование и да ја подобрат својата редовност.

„Ова од нас бара да се фокусираме на пилотирање на можни решенија, да најдеме модалитет и да ги откриеме сите кризни дела со кои можеби ќе се соочиме во нашата држава на овој пат кон инклузивност и да се обидеме да понудиме креативни и конструктивни решенија за сите училишта“, рече Мишиќ на денешната прес-конференција на која се одбележи почетокот на овој проект.

Првата мерка од проектот, како што рече Мишиќ, е доделување на месечни стипендии на ученици со попреченост запишани во почетните одделенија, и таа очекува најмалку 450 ученици во текот на целиот проект да можат да ја искористат оваа можност, Појасни дека предност ќе им се даде на лицата кои се запишани во редовните паралелки и на оние деца кои што транзитираат, односно кои ќе преминат од  осебните паралелки, поточно од ресурните центри во редовната настава.

Втората компонента, појаснува таа, е градење на партнерства и подигање на свеста на целокупното општество, што значи спроведување на активности и кампањи кои ќе ја нагласат важноста и неминовноста од воведување на инклузивно образование.

„Ќе работиме заедно со училишното раководство наставници, стурчни служби, специјални едукатори, на градење на капацитети за планирање и за спроведување на диференцирана настава која ќе биде прилагодена на потребите на сите деца, од која што во проектот ќе имаат полза не само нашите стипендисти туку сите деца во државата. Ќе ги следиме сите движења во светот, ќе се фокусираме на светските практики но и на градење на наши автохтони креативни решенија кои ние ќе можеме да ги понудиме понатаму во светот“, додаде Мишиќ.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната прес конференција рече дека сите сакаме да живееме во совршено општество но до тоа општество треба да стигнеме со заеднички напори и заедничка грижа на системите кои функционираат, за да тие можат да обезбедат квалитет каков што посакуваме.

„Ние како Влада се залагаме за инклузивно општество и инклузивно образование. Тоа го правиме во секоја политика и се трудиме да обезбедиме услови за секое дете и секој граѓанин има еднаков пристап до сите ресурси во општетсвото а како министерка за образование и наука се залагам да секое дете има еднаков пристап. И тоа го работиме навистина систематски и чекор по чекор“, рече Царовска.

Додаде дека со овие стипендии се создава поткрепа за учениците со атипичен развој кои се вклучени во образовниот систем и со таа поткрепа тие и нивните семејства добиваат поддршка во делот на остварување на право на образование.

Таа нагласи дека и за првпат се подготви упатство за соработка меѓу ресурсните центри во далечните посебни улишита со сите училишта каде одат деца со атипичен развој, се со цел да тие во континуитет бидат поддршка и да заеднички може да ја организираат наставата која треба да биде подеднаква за сите ученици.

Дополнително, Царовска рече дека во моментов се работи на нормативот за образовна асистенција која е согласно Законот за основно образование, се со цел 2021/22 година да започне со орбазовни асистенти кои ќе имаат системски решен статус и ќе се знае кои се работните задачи и обврски во образовниот систем во училиштата.

„Ова ќе даде можност да дискутираме на кој начин образовната асистенција ги поддржува учениците во основното образование, какви ефекти дава и дали и понатаму може да се дополнува тој концепт, да се мнеува од она кое значи досегашно работење на образованата асистенција. Сметам дека овој проект навистина ќе даде одлични
резултати“, рече Царовска

актуелно деца со попреченост стипендии училишта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.