Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Објавена биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес
Култура

Објавена биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес

јуни 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– „Македоника литера“ ја објави биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, во која раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност.

– Нес на импресивен начин го опишува необичниот животен пат на Леонардо, момче од најниските слоеви од местото Винчи кај Тоскана, до градењето на неговата кариера на популарен и култен уметник во Европа.

Но истовремено многу детално и прецизно го претставува историскиот контекст, односно настаните од неговото време во градовите и местата во коишто живеел, наведуваат од „Македоника литера“.

Посочуваат дека Атле Нес одблиску на читателите им го покажува човекот скриен зад митот за творецот и историскиот контекст во кој се создадени ремек-делата на Леонардо. Атле Нес се одликува со големи познавања на историјата на уметноста, историјата, јазиците и математиката.

Во предговорот Нес пишува: „Леонардо зад себе оставил безброј записи – неговите белешки и скици, кои не биле познати во негово време, па дури и потоа. Нивните траги може да се најдат во многу колекции во Европа и во САД, а самиот материјал е делумно предмет на истражување, толкување и дискусија. На тој начин најмногу се доближуваме до него, дури и повеќе одошто преку добро зачуваните слики, кои најверојатно и без исклучок биле правени по нарачка. Се обидов прилично внимателно да цитирам извадоци од овие белешки, како самиот Леонардо да Винчи да звучи од биографијата. На истиот начин се претставени многу од повеќе или помалку завршените скици и цртежи. Така неговиот талент, кој е веројатно невиден по својата универзалност – и неговата трансцедентна имагинација го наоѓаат својот најдобар израз.“

– Биографијата на Атле Нес „Леонардо да Винчи“ има монографска форма. Илустрирана е со голем број цртежи, слики и скици на пронајдоци на Леонардо да Винчи, а еден дел на крајот е печатен во боја, во кој се сместени репродукции на најпознатите дела на уметникот. Преводот е на Ленче Тосева и Елена Саздовска, доадоа од „Македоника литера“.

Атле Нес (1949) е норвешки писател, историчар, историчар на уметноста.

Автор е на биографии за Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј Галилеј, Едвард Мунк и Хенрик Ибзен, но и на романи, книги за деца и есеи за уметноста. Носител е на неколку награди, меѓу кои и на највисоката книжевна награда во Норвешка – „Браги“.

биографска слика леонардо да винчи норвешка писателка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.