Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од граѓаните на Кисела Вода и Карпош.
Од 8.30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од делови на улиците „Нагоричанска“ и „Сердарот“, а од 09 до 14 часот, корисниците од дел од улицата „Малешевска“ во општина Кисела Вода.
Без електрична енергија од 09 до 12 часот ќе останат корисниците од дел на улицата „Џумајска“, а од 9.30 до 13 часот корисниците од дел од улицата „Јан Хус“ во општина Карпош.
За утре најавени се прекини во снабдувањето со струја во Сопиште, Карпош и Сарај.
Од 09 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 5 во село Сопиште. Во истиот временски интервал беа снабдување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од делови од улиците „Иван Цанкар“, „Вангел Дину“ и „Ацо Шопов“, во општина Карпош, а од 09 до 15 часот, корисниците од дел од селото Горна Матка, во општина Сарај.







