Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

ноември 18, 2026

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
  • Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
  • Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците во Франција за да побараат повисоки плати
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Силна поддршка од САД за брз старт на преговорите со ЕУ и решение со Бугарија до крајот на годинава
Македонија

Силна поддршка од САД за брз старт на преговорите со ЕУ и решение со Бугарија до крајот на годинава

декември 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Силна поддршка вчера дојде од САД за брза евроинтеграција на земјава со посетата на заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Габриел Ескобар на Скопје, кој порача дека Вашингтон работи со европските партнери за побрза интеграција на земјава во ЕУ. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, во однос на преговорите со Бугарија рече дека се водат разговори, и потсети на неговата средба со министерот во техничката Влада на Бугарија Стоев во Рига, а кажа и дека 14 декември не е краен рок за постигнување решение со Софија. Тој рече дека има конкретен ангажман и оти разговорите со Софија продолжуваат.

– Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Тој изрази благодарност за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.

– Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО, додаде Ескобар.

Османи од своја страна му изрази благодарност на Ескобар за неговата прва посета на Скопје.

– САД остануваат наш стратешки партнер и кредибилен сојузник, благодарни сме за јасната и гласна поддршка од САД. Во таа смисла нашите стратешки интереси се сто отсто комплементарни со интересите на САД, рече Османи на заедничката прес-конференција со Ескобар.

Шефот на дипломатијата истакна дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во регионот.

– Нема сомнение дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот. Сега е моментот ЕУ да започне преговори со Северна Македонија. Тоа ќе биде голема потврда за нас да останеме посветени на демократските реформи и да ја забрзаме нашата европска интеграција. Уште поважно од тоа ќе биде големо охрабрување за другите, ќе се потврди кредибилноста на ЕУ, ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во регионот. Ќе се забрзаат евроатлантските интеграции и ќе се потврди геостратешката ориентација на нашиот регион, истакна Османи.

Тој изрази благодарност за посветеноста и фокусот што САД го даваат на регионот на Западен Балкан.

– САД се посветено ангажирани за побрзо да се изнајде решение со Софија бидејќи е од нивни стратешки интерес Северна Македонија да ги почне преговорите, изјави шефот на дипломатијата.

Османи по заедничката прес-конференција со Ескобар на која не беа предвидени прашања, во изјава за медиумите на новинарско прашање посочи дека не може да коментира во име на Ескобар дали тој имал средби со бугарски претставници за спорот или дали планира да ја посети Софија, повторувајќи ја пораката за американската посветеност.

Во однос на преговорите со Бугарија тој додаде дека се водат разговори, и потсети на неговата средба со министерот во техничката Влада на Бугарија Стоев во Рига, а кажа и дека 14 декември не е краен рок за постигнување решение со Софија.

-Тие разговори продолжуваат. 14 декември е формалниот состанок на Советот за општи работи, односно состанокот на министри за Европа на ЕУ, но тоа не значи дека е единствената шанса за декември. Имав средба и со словенечкиот министер за надворешни работи, Словенија е актуелно претседателство со ЕУ и разговаравме исто така за фактот дека и после 14 декември во кој било ден до крајот на годината словенечкото претседателство може да свика вонреден состанок на министри за Европа доколку добие информација од Бугарија дека се спремни да ја поддржат преговарачката рамка и одлуката за почеток на преговори. Што значи дека цел декември е можност за почнување на преговори, а се разбира и периодот после тоа. Нас се уште ни е таргет декември, нагласи Османи.

Тој вели дека не планира да ја спушти тензијата или интензитетот на неопходноста за започнување преговори што побрзо и покрај мислењата во јавноста дека не треба да се подигаат очекувањата на јавноста во однос на отворањето на преговорите.

На средбата во Владата на премиерот Зоран Заев со Ескобар, била изразена целосна поддршка од САД за изнаоѓање заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу С Македонија и Бугарија заради фактот што иднината на С Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји што е во постојан развој.

Партнерството меѓу САД и Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ се многу важни за Скопје и Вашингтон, наведоа од владината прес-служба во соопштението за средбата на Заев и Ескобар.

На средбата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со Ескобар, Димитров рече дека почетокот на пристапните прег​овори со Северна Македонија ќе означи заокружување на едно поглавје во исполнувањето на заедничката стратешка цел и создавање на нов моментум за европската иднина на регионот како гарант на стабилноста и демократијата.

Ескобар, како што соопшти СЕП, ја истакнал посветеноста на Северна Македонија како НАТО сојузничка во обезбедувањето на регионалната безбедност и промовирањето на евроатлантските вредности, при што ја посочи важноста на Преспанскиот договор како столб на мирот и сигурноста во регионот.

– Покажаното лидерство и заложбите во реформскиот процес треба да бидат валидирани со заслужен напредок во европските интеграции на земјата, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во процесот на преговори, нагласи Ескобар.

Во меѓувреме во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев, серијата политички консултации денеска ја почна со претставниците на победничката партија „Промените продолжуваат“, јави дописникот на МИА од Софија, при што од копретседателите на новоформираната партија Кирил Петков и Асен Василев,  побарал да го слушне нивниот став за Северна Македонија.

Тој побара да знае што „Промените продолжуваат“ мислат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, идентитетот, историјата и културата во Северна Македонија, бидејќи бугарското општество очекува доследна акција од нивната дипломатија.

Двајцата претставници на „Промените продолжуваат“, не му го соопштија јавно својот став на бугарскиот претседател.

– Довербата на бугарските граѓани не се дава како подарок и таа мора да се одбрани, рече Радев, според кого преодните бугарски влади ја стабилизирале земјата и покажале дека во неа може да има заедничко дејство.

Ервопратеникот Илхан Ќучук во вчерашното обраќање на конференција на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и Либерално демократската партија (ЛДП), насловена „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ“, рече дека треба да се реши процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија, да бидат исполнети точките од Договорот, се со цел да прекине блокадата на Северна Македонија.

Ќучук кој е копретседател на АЛДЕ нагласи дека целта на конференцијата е уште еднаш да се  потврди чистата позиција дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ.

Бугарскиот историчар Димитар Атанасов, пак, во анализа за „Дојче веле“ на бугарски јазик, вели дека проблемот со Северна Македонија е резултат на целосното одбивање на низа бугарски влади да формулираат државна политика соодветна на новата реалност, нагласувајќи дека „помирувањето со минатото е неизбежно“.

– Темата за односот на Бугарија кон југозападните соседи се наоѓа во најболното подрачје на нашата колективна меморија. Помирувањето со минатото е неизбежно. Тоа минува низ горчливото сознание дека скаменувањето на неговите слики е капитал што политичарите вешто го насочуваат кон приватниот интерес. Проблемот со Северна Македонија е резултат на целосното одбивање на низа бугарски влади да формулираат државна политика адекватна на новите реалности, наведува бугарскиот историчар.

Според него, ако пред еден век во некои области на Македонија живееле Бугари, денес тие се само неколку илјади.

– Ако пред еден век бугарската книжевна норма ги вклучуваше говорите користени до Корча во Албанија и јужно Косово, денес во Академијата на науките постои литературен македонски јазик, создаден, слично на бугарскиот. Литературниот јазик не е земен од теренот, туку е конструиран на научен начин, а тоа се однесува на кој било литературен јазик, посочува Атанасов, кој е автор на истражувања од областа на балканската историја и употребите и злоупотребите на приказните за минатото.

Тој при тоа како примери ги посочува создавањето на норвешкиот јазик, кој е сличен со данскиот, како и на италијанскиот и шпанскиот јазик.

– Норвешкиот јазик ја доби својата литературна норма дури во дваесеттиот век. Тоа е сосема разбирливо за Данците, чиј јазик има многу подолга историја, но тоа не создава потсмев сличен на бугарскиот јазик кон македонскиот јазик и неговите говорители. Италијанците и Шпанците исто така се разбираат без потреба од превод, но нема соседи кои се расправаат за тоа кој е полегитимен наследник на поранешниот јазик на Римската Империја, појаснува Атанасов.

Истото, додава тој, важи и за македонската нација, и како и секоја друга, таа е факт и не е потребна добра волја од никого за таа да почне да постои целосно. Аргументот дека македонската нација е вештачки создадена е неодржлив – заедниците се резултат на консензус меѓу нивните членови, а не природен феномен, смета Атанасов.

Во политичкиот говор, омразата кон соседите не се смета за непристојна. Спротивставувањето на национализмот е еднакво на отпор против одредени политички субјекти, вели историчарот кој е дипломец на Софискиот универзитет, а денес работи во Институтот за етнологија и фолклор со Етнографскиот музеј на БАН.

Тој е дециден и дека треба да има промени во составот и пристапот на работа на Заедничката историска комисија.

– Несомнено е потребна промена во Заедничката историска комисија – и во нејзиниот концепт и во нејзиниот состав. Слободата на изразување бара од нас да признаеме дека историскиот наратив како таков не е предмет на регулација. Можеме да се согласиме во најопшти контури само за оној во учебниците. Подготвени сме да реформираме барем дел од застареноста во бугарските учебници. И со експерти кои свесно се вклучени во таков цивилизациски избор: историјата се развива заедно со општеството и нејзиното сфаќање како „света крава“ предизвикува блокади, заклучува бугарскиот историчар Димитар Атанасов.

 

МИА

актуелно бугарија ЕУ поддршка решение САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.