Полска почна изградба на ограда на границата со Белорусија, соопшти Граничната стража на таа земја.
„Почна изградбата на оградата на полско-белоруската граница. Градежните работи се веќе во тек“, се наведува во соопштението.
Меѓу другото, во него се напоменува дека должината на оградата ќе биде 186 километри, а цената околу 400 милиони долари.
„Ова е најголемата инвестиција во историјата на Граничнатра стража“, се истакнува во соопштението.
Полска во екот на мигрантската криза одлучи да изгради заштитна структура на границата со Белорусија. Планирано е оградата да биде висока пет метри. Конструкцијата ќе биде опремена со камери за ноќно набљудување и снимање и со сензори за движења.
За изградба на оградата ќе се користи челик, а во неа предвидени се 22 капии кои треба да овозможат миграција на животни.
(Фото: АП)







