Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

ноември 18, 2026

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
  • Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
  • Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците во Франција за да побараат повисоки плати
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СОНК бара прифатлив предлог за платите, Владата отворена за безусловен дијалог
Економија

СОНК бара прифатлив предлог за платите, Владата отворена за безусловен дијалог

април 13, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вториот ден од генералниот штрајк во училиштата и градинките помина без состанок меѓу СОНК и претставници на Владата. Според најавите од двете страни во понеделникот, средба деновиве ќе има во обид да се постигне решение за барањето на Синдикатот.

СОНК не отстапува платите на вработените во дејностите образование и детска заштита веднаш да бидат зголемени за 18,4 отсто согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вчера соопшти дека од Владата очекуваат покана за работна средба на која повторно ќе ги изнесат своите аргументи за издржаноста на нивното барање. Се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен предлог за зголемување на платите кој ќе биде прифатлив од мнозинството негови членови.

„Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно-образовниот процес, објави Неделков на Фејсбук, кој за текот на вториот ден од штрајкот информираше дека не биле регистрирани посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, порача дека се отворени за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови и незадоволства. На својот фејсбук-профил претседателот на Владата напиша дека го охрабрува Синдикатот да го продолжи дијалогот за трајно решение преку заеднички утврден модел за раст на платите.

„Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока, го охрабрувам синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел, напиша Ковачевски.

Владата во соопштение го повика синдикатот  заедно да најдат модел за раст кој, како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, укажувајќи дека барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот.

„Растот на платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите, наведе Владата информирајќи дека платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21 процент.

Платата на наставник во основно  образование, соопшти Владата, е зголемена за 3.267 денари, а во средно образование за 4.353 денари, заедно со додатокот за минат труд, и дека сега добиваат плата 24.786 денари во основно и 25.642 денари во средно.

Со воведувањето на новата методологија за пресметка, посочи Владата, од 2017 до 2020 е постигнато најголемо зголемување на платите на вработените во градинките. Разликата во платата за негувателите сега, во споредба пред пет години, е 5.067 денари, а воспитувачите во однос на  2017 година, сега добиваат за 6.442 денари повисока плата, заедно со  додатокот за минат труд.

СОНК  ја одби поддршката за штрајк што му ја понуди Прогресивниот синдикат на образование (ПРО) доколку се согласи со нивното барање за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку  2.800 денари нето износ кое, според овој синдикат кој е во состав на Сојузот на синдикати на Македонија (СММ), е најодржливо решение. ПРО при ССМ бара со Законот за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во образованието процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата.

„Доколку СОНК го поддржи ова наше барање, ние ќе се приклучиме официјално кон штрајкот, а, се разбира, ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во насока на спроведување на активностите кои ги преземаат синдикатите за зголемување на платите за најмалку 2.800 денари во нето износ за сите вработени, вклучително и просветните работници, соопшти ПРО.

СОНК во реакција, во која нагласи дека  „не е етички синдикат да условува друг синдикат за давање поддршка во период на генерален штрајк“,  одговори дека за неговите членови е неприфатливо зголемување на платите линеарно. Останува на ставот дека вреднувањето на трудот и зголемувањето на платите треба да биде во согласност со колективните договори за што, пак, доби поддршка од Независниот академски синдикат (НАкС).

Овој синдикат во соопштение укажа дека со порастот на минималецот, нужно е зголемување на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката, со цел, како што посочи, „да се избегне изедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование“.

 

 

МИА

актуелно плати предлог прифатлив СОНК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.