Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

ноември 18, 2026

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
  • Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
  • Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците во Франција за да побараат повисоки плати
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ССМ: Јавниот сектор утре во генерален штрајк, ќе работат 10 проценти од вработените
Економија

ССМ: Јавниот сектор утре во генерален штрајк, ќе работат 10 проценти од вработените

јуни 21, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.

-Работниците беа сведоци на срамно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство членови на Комисијата за финансирање и буџет кои најостро се спротиставија на предлог-амандманот на ССМ кој предвидуваше средства во буџетот за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари, велат од ССМ.

Не е добро, додаваат од Синдикатот, да не си на страната на работниците, кои воедно се и гласачи.

„Гласот против работниците е уште еден глас против политичката партија која ја претставуваш и уште еден глас за генерален штрајк кој поради овие седум пратеници од владеачкото мнозинство започнува утре, потенцираат од ССМ. Денеска работниците ве молеа, утре ќе ги молите, се вели во соопштението од ССМ по неприфаќањето на нивниот амандман.

Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.

Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на седница што се одржа на 17 јуни утврди правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

ССМ, нагласуваат оттаму, имајќи предвид дека води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи), на денешната седница, Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврди правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

Според ССМ, минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) се:

-за извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 проценти од вработените во јавен сектор
-заради спречување на загрозување на животот со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства
-заради спречување на загрозување на личната сигурност со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства
-заради спречување на загрозување на здравјето на граѓаните со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со основни средства минимум непречено извршување на функциите за  да не се попречуваат итните постапки

Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.

„Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор, а вработените во јавниот сектор да се придржуваат кон вака утврдените правила. Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ е во постојано заседавање и за сите промени навремено ќе информира, велат од ССМ.

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија на 3 јуни донесоа Одлука за генерален штрајк за 22 јуни, ако дотогаш не бидат исполнети нивните барања.

Откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за нивното барање за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор како што им било ветено за време на преговорите, ССМ бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика, но ни на таа средба не беше постигнат договор.

 

МИА

актуелно генерален штрајк јавен сектор ССМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.