Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Што се ќе се смени во Британија по смртта на кралицата
СВЕТ

Што се ќе се смени во Британија по смртта на кралицата

септември 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од ново лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе претрпи одредени промени по смртта на кралицата Елизабета Втора. и стапувањето на тронот на нејзиниот син Чарлс Трети.

Зборовите на британската национална химна, која потекнува од 18 век, ќе се сменат од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“.

Според веб-страницата на кралското семејство, химната била напишана во екот на патриотскиот занес по победата на принцот Чарлс Едвард Стјуарт над војската на кралот Џорџ Втори во септември 1745 година во Шкотска.

„Боже чувај го кралот“ била патриотска песна за првпат јавно изведена во Лондон во 1745 година, а станала позната како Национална химна на почетокот на деветнаесеттиот век.

Вообичаено се пее само првата строфа која сега ќе гласи: „Боже чувај го нашиот милостив крал! Да живее нашиот благороден крал! Боже чувај го кралот! Дарувај го со победа, среќа и слава, долго нека владее над нас, Боже чувај го кралот!“.

На новите монети и банкноти ќе биде ликот на кралот. Старите монети и банкноти ќе останат во оптек додека со време не бидат заменети.

Кога монархијата била обновена во 1660 година по десетгодишната република на Оливер Кромвел, станало вообичаено монархот да го врти лицето во спротивна насока од неговиот претходник.

Кралицата Елизабета гледала десно, па Чарлс Трети ќе гледа лево. За време на долгото владеење на Елизабета, на монетите се користени пет нејзини различни портрети.

Ќе се менуваат и поштенските марки, така што на нив ќе биде прикажан портретот на новиот крал.

Промени ќе претрпи и кралската „шифра“, монограмот што го користи монархот и кој моментално се состои од печат на кој пишува „EIIR“ под круната на Свети Едвард.

Овој монограм може да се најде низ Британија и се појавува на сè, од црвени поштенски сандачиња до полициски униформи. Според традицијата, со новиот крал се менуваат и монограмот и кралскиот грб.

Сепак, монограмите ќе се појавуваат само на новите поштенски сандачиња, така што тие на кралицата ќе останат илјадници ширум земјата, исто како што останаа многу од претходните монарси кои беа поставени пред нејзиното крунисување.Ќе се сменат и титулите. Угледни пратеници ќе станат членови на Советот на кралот наместо на Советот на кралицата, а титулите што користат „на кралицата“ ќе се променат во „на кралот“.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно британија Елизабета кралица смена смрт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.