Португалскиот тренер Жозе Мурињо стана фудбалски стратег со најмногу победи во меѓународните клупски натпреварувања и со тоа го престигна Сер Алекс Фергусон кој досега го имаше приматот.
Мурињо со својата Рома вчера дојде до победа против ХЈК од Финска, а тоа му беше вкупно 107. триумф во натпреварите одиграни во европските натпреварувања и во моментов е осамен на врвот на вечната листа.
Португалецот така го престигна Алекс Фергусон на првото место (106), а од актуелните тренери блиску до Мурињо е и Карло Анчелоти, кој во моментов има 105 победи.
Пред да дојде во Рома, Мурињо беше тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а со сите тимови играше во европските натпреварувања и „купуваше“ победи кои денес го прават да е најдобар.
Со Порто ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2003/2004 и тоа беше неговиот влез во елитниот европски фудбал, а шест години подоцна со Интер стана исто така европски првак. Во 2017 година ја освои Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед, а со Рома Конференциската лига на УЕФА.
(Фото: „Гол“)







