„Ферари“ очигледно не е загрижен заради тековните економски проблеми. Додека на аналитичарите им ги претставуваше резултатите на компанијата од третото тримесечје, главниот извршен директор, Бенедето Виња, истакна дека додека тековните финансиски околности носат „нови предизвици на глобално ниво“, за италијанскиот производител на автомобили и неговите добавувачи, силната книга на нарачки претставува добар знак за иднината.
Зборувајќи за достигнувањата, Виња рече дека нарачките за „Пиросанж“ (Purosangue) ги надминале неговите најамбициозни очекувања.
„Ние сме многу во плус за следната година. Ова е благодарение на нарачките што ги имаме, кои ги опфаќаат сите производи што ги имаме како и сите региони. Со исклучок на неколку модели, целиот наш асортиман е распродаден“, истакна Виња.
„Ферари“ извести за ‘прилагодена’ темелна заработка во третиот квартал од 435 милиони евра, што претставува зголемување од 17 отсто.
Понатаму, испораките скокнале во сите региони во текот на третиот квартал, делумно благодарение на испораките на „296 ГТБ“ (296 GTB) и на ограничената серија „812 Компетициони“ (812 Competizione).
После успешниот трет квартал, „Ферари“ очекува дека неговата прилагодена добивка пред каматите, даноците и амортизацијата ќе се зголеми на повеќе од 1,73 милијарди евра оваа година, во споредба со претходната проценка меѓу 1,7 и 1,73 милијарди евра.
„Ферари“ не покажува знаци на забавување на своите планирани премиери на нови и возбудливи модели. На крајот на октомври се појавија извештаи кои сугерираат дека хипер-автомобилот, наследникот на „Ла Ферари“ (LaFerrari), ќе биде претставен во октомври 2024 година.
Иако техничките спецификации на болидот се уште не се познати, се претпоставува дека во возилото ќе има технологија пренесена од „Формула 1“ и „Ле Манс Хиперкар“ (Le Mans Hypercar) програмите.








