Шпанскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека Луис Енрике повеќе нема да го предводи националниот тим, откако таа репрезентација беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Ова соопштение доаѓа два дена откако Шпанија во осминафиналето загуби од Мароко со 3:0 на пенали, а по 120 минути игра натпреварот заврши со резултат 0:0.
Енрике ја презеде шпанската репрезентација во јули 2018 година, но од март до ноември 2019 година зеде пауза, по смртта на неговата ќерка. Потоа го водеше националниот тим до полуфиналето на Европското првенство и два пати до завршниот турнир во Лигата на нации.
Името на неговата замена се уште не е објавено.
Од Фудбалскиот сојуз на Шпанија информираа дека треба да започне „нов проект“, но не постави временска рамка за назначување на нов селектор.
(Фото: АП)







