Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 0°C, а максимумот од 4 до 12°C.
Утринава најстудено беше во Берово каде беа измерени 10 степени под нулата. На Попова Шапка беа измерени -9, -7 во Крива Паланка, -4 во Претор, Маврово и Крушево, -3 во Штип, Струмица и Виница, -2 во Скопје, Битола, Охрид, -1 во Куманово, Демир Капија и Прилеп. Во Тетово живата во термометарот покажа 1 степен над нулата, а 4 во Гевгелија и Дојран.
На Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 45 сантиметри, 17 сантиметри снег има во Маврово, 12 во Лазарополе, 3 во Крушево и 1 сантиметар во Ѓуриште.







