Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Утринава најстудено беше во Берово каде што во 7 часот беа измерени -8 степени Целзиусови, -7 беше Битола, -6 во Скопје, Демир Капија, Прилеп, Тетово, Струмица, Штип и Крива Паланка, -4 во Гевгелија -3 беа измерени во Претор, Охрид, Куманово, Дебар и Маврово, -1 во Дојран, Виница и Попова Шапка, а 0 во Крушево.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.







