Светски познатиот актер Брус Вилис има фронтотемпорална деменција, објавија вчера членови на неговото семејство на социјалните мрежи. Во објавата, тие велат дека е олеснување тоа што конечно ја добиле вистинската дијагноза.
„Во денешно време не постојат третмани за оваа болест, реалност што, се надеваме, во скоро време ќе се промени. Уверени сме дека нашата објава ќе ја подигне свеста за ова важно прашање“, се неведува во текстот.
Меѓу другото, стои и дека фронтотемпоралната деменција е највообичаената форма на деменција кај луѓето над 60 години.
Објавата е потпишана од досега двете сопруги на Вилис, од сегашната Ема Хеминг и од некогашната Деми Мур, и од неговите три ќерки.
Актери, спортисти и други славни личности му изразуваат поддршка на Вилис, кој лани, кога дозна дека е сериозно болен преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека ја прекинува актерската кариера.
Минатата година, во април, на 67-годишниот Вилис му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува проблеми со говорот. Во меѓувреме тоа прогресираше во поспецифична, и крајно посериозна дијагноза.







